ПОМОШ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ

По којзнае кој пат Здружението на пензионерите докажа дека и при пандемија  се грижи за членството. По распишаниот конкурс, Комисијата за здравство разгледа шеесетината барања за помош за бањско и климатско лекување и позитивно се изјасни за 57. Кај нив се партиципира по 50, 30 и 20 отсто, во зависност од месечните примања на пензионерите – баратели или вкупно 300 илјади денари.

На 50 барања за еднократна парична помош зависно од височината на пензијата според доделени се  по 10 илјади денари и помалку, а не помалку од 1000 денари, според тежината на болеста или вкупно 300 илјади денари.

Според списоците на претседателите на разграноците, на пензионерите со ниски примања ќе им се доделат по илјада денари за набавка на прехранбени и други производи за Велигден.

Третпат Здружение доделува помош на членство при пандемијата во вкупна вредност од над еден милион денари.

Loading