ПОКЛОН ЗА ПАТЧЕВ ВО КАДИНО СЕЛО

patcev

Членови на ОК ВМРО-ДПМНЕ и на Здружението Патриот положија цвеќе на вечното почивалиште на Методија Патчев во Кадино Село за 119 годишнината од херојската саможртва на познатиот војвода и неговата чета.

Откако на 6 април 1902 година, на Благоец, Методија Патчев дошол со шестмина борци во Кадино Село да покрсти нови членови на организацијата, бил предаден и опкружен од 500 души турски аскер и башибозук. Опколени од сите страни на селската кула, четата водела нерамноправна јуначка борба до наредниот ден. Кога снемало муниција. Патчев и комитите, наместо да се предадат, со песна, оддавајќи í последен поздрав на татковината, групно се самоубиле со последните куршуми. Турскиот командант изјавил: “Тоа се херои. Се бореа за својата идеја и сами се убија” и со плотун им оддал почит на загинатите македонски борци.

Loading