ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (89) – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

14. Новачески Димитријев Јован (1903 – 1963). Јован од 1952 година до 1963 додека умре беше вработен служител во училиштето во с. Марул, а воедно беше одговорен и за поштата да ја подигни од месната канцеларија од с. Канатларци и да ја подели во Марул каде имаше потреба. Никогаш не се слушна нешто да фали од поштенските работи.

После распустот на учениците за летниот период го средуваше училиштето. Училишните простории целосно ќе бидат очистени, варосани оградата и портите секогаш беа одржани во здрава состојба тоалетите од учениците беа исчистени секогаш после распустот во летното време. Секогаш спремано навреме храна за наставникот. Секогаш во летниот период оградата на училиштето беше окосена, тревата собрана, изнесена надвор од оградата.

Исто така Јован имаше интерес и дарба штотуку ќе завршеше учебната година се зафатуваше во поправка на запрежната воловска кола. Ја растураше тотално, се што требаше за поправка во нејзе ги заменуваше сите истрошени делови изработени лично од негова рака од спици на колцата, сопците, одеро, рапините, страниците, возиштето, јаремот и колата ќе беше претресена за летната работа за сено и снопје.

Месарица

Месарица за покоено лице се назначува од женски пол. Ако починатото лице е младинец или младинка, за месарица се одредува личност, во приближна старост према починатото лице претежно ближна роднина или пак да биле во добри односи со починатото лице.

Одреденото лице за месарица ја припрема сета задужбина за покојното лице и нејзината задолжена работа трае една цела година, се додека упокоеното лице не наврши една година од неговата умирачка. За услугата што ја прави месарката за упокоеното лице за шесте недели од неговата упокоеност, месарицата е дарувана на гробот од упокоениот – упокоената.

Свеќарка

Свеќарка во христијанските православни традиции за секое починато лице до шесте недели му се одредува од страна на домашните едно лице кое секое утро и вечер оди на починатото лице му пали свеќа и му носи во земјено барде пресна вода. Свеќарката за шесте недели од страна на домашните преку гробот се дарува со разни подароци за нејзиното измеќарување над покојното лице и се забележува како светијони за век и веков.

Со најдолго учество како свеќарки за упокоени лица беа свеќарките Анѓелеска Илица Дуна Стеваноска, Јованоска Илица Петра Крушкојца, Јошеска Петрејца Митра Николоска, Ризоска Боризица Цветанка Бошеска, Тошеска Божиница Доста Јолеска, Петреска Цветаница Трајана Мурџеска, Трајкоска Василица Менка Чонеска. Откако Менка застаре нејзината улога ја презеде нејзината ќерка Илинка Атанасица Здравеска Чонеска. Анѓелеска Дуна и Тошеска Доста се родени сестри од родителите Јанкоски Ѓорче и Ѓорчејца Благуна од средно маало, останатите свеќарки се од западното маало, а додека од јужното маало поактивна беше во помладите години Василоска Трајаница Блага. Лица кои биле најповеќе пазарџии за упокоеното лице се Анѓелески Илија кадијата и Василоски Милан Борачо.

Сводници – стројници

При секоја љубов на два различни полови кај човекот при мажење и женење мора да има смешано трето проверено лице наречено сводник, стројник. Младенци во младите луди години набрзина со едно видување се замаат без посредник – сводник. Сепак ќе треба да се најди трето лице за посредник или наречено уште и мирач за средба на родителите на младоженците.

Во Марул со таков авторитет за сводниклак при мажење и женење на млади лица беа Атанасоски Трајан Танески и Василоски Милан Борачо. Овие две личности до каде покушаа да состават млади брачни парови секаде работата ја завршуваа, доживотно склопените брачни парови остануваа не разрушени. Дали таков му е полазот или пак толку го измерува природниот нарав, карактер, само Господ знај.

Свадби, првичина и верски слави во с. Марул

Во минатите времиња додека селото беше целосно не испразнето повеќето свадби и првичина се правеа во есенскиот дел од годишните времења. Секој родител сакаше неговата челад да ја удоми со голема радост со свадба и првиче.

Во случај ако имаше удомување на диво, со бегалка, тогаш прво се правеше помирување помеѓу родителите од двете страни на родителите, се венчаваа младоженците и се правеше првиче размена на сватовски гости од двете страни на сватовите. За сите вакви гостински обележја домаќините за да ги ослободат своите домаќинки од оптеретување си обезбедуваа куварка или уште наречена котвачка.

Куварката ја презема сета одговорност во кујната за квалитетно и квантитетно приготвена храна, сепак во зависност на домаќините што спремиле за готвење храна. За вакви гости за свадби, првичина, крштевки итн. во нашето Марул имаше две прочуени котвачки. Тоа беа Јошеска Петрејца Митра Николоска и Трајкоска Василица Менка позната како Чонеска.

За потреба на некое домаќинство од куварка готвачка прво се побаруваат овие две куварки. Ако се зафатени во моментот тогаш се бара трета куварка – готвачка. Овие две куварки поред што работеа во нашето село како куварки одеа, работеа за верски празници и надвор од нашето село Марул. Куварката Трајкоска Менка Чонеска беше стална куварка за денот Велигден кај Ристејца Вршкоска Јоца во с. Ерековци золва на ќерка и Илинка Атанасица Здравеска Чонеска. Куварката Менка Чонеска за денот Петровден одеше куварка кај своите роднини братот Тодор Габеро во с. Радобор, битолско. Менка одеше куварка во Подмол за селската слава Митровден и куќната слава Св. Ѓорѓија кај Кржеска Талејца Паунка золва на нејзината ќерка Илинка Здравеска Атанасица Чонеска.

За куќната слава Петковден кај долните Павлевци Јоновци, Менка Чонеска често пати беше куварка кај нив. А додека Јошеска Петрејца Митра одеше куварка за селската и куќната слава Митровден и Св. Ѓорѓија во Подмол кај Кржеска Петрејца Љубинка, нејзина золва, сестра на мажот и Петре Јошески Николоски Голабаро.    

Продолжува

Loading