ТРГНА БОРБАТА СО НЕПРИЈАТЕЛОТ КОЈ ПУСТОШИ ЕДНА ГОДИНА

CIMG3240 -Голем интерес за вакцинирање против Ковид 19

Околу 90 прилепчани, над 77-годишна возраст се вакцинираа само првиот ден од почетокот на масовната имунизација против Ковид 19. Тие  ја примија првата доза. За Прилеп, во првата тура, се обезбедени 900 вакцини. Вакцинацијата се одвиваше непречено во Здравствениот дом, а термините се исполнети и се почитуваат.

-Во средата започна имунизацијата на граѓаните со динамика во согласност со планот на Министерството за здравство. Добивме 900 вакцини, а  на првиот ден треба да се вакцинираат 90 граѓани. Сите кои биле евидентирани на Мој термин се пријавиле на пунктот за вакцинирање. Имаме еден вакцинален пункт, но ќе бидат вакцинирани 90 граѓани, исто како да се 2 вакцинални пункта. Следните денови ќе функционираат два пункта. Вакцинирањето ќе трае додека не се исцрпат добиените резерви. Граѓаните гледаат надеж во вакцината И спас дека нема да бидат заразени со Ковид 19. Сите вакцинирани се чувстуваат добро – изјави директорката на општата болница, Кети Смилеска.

{AG}643/bolnica{/AG}

ОТВОРАЊЕ НА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА

Денеска, петок, планирано е да се пушти во употреба модуларната болница.

-Покрај Ковид одделите во болницата, ќе ја имаме и модуларната болница соа 35 легла, кои сите се поврзани на централен довод на кислород. Тоа овозможува олеснување на работењето на персоналот и подобра здравствена услуга за пациентите – рече Смилеска.

Во средата, во болницата имало 120 лежечки пациенти од кои 90 биле на кислородна поддршка, а имало слободни уште само 4 легла.

Loading