ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

Налбати во с. Марул за потковување на добици, волови, коњи и магариња:

1.Атанасоски Трајан Танески

2.Атанасоски Алексо Танески

3.Атанасоски Дончо Танески

4.Атанасоски Јован Танески

5.Велјаноски Благоја Велјаноски

6.Мојсоски Благоја Колески

7.Петрески Ванчо Бабјак

8.Петрески Ванчо Мурџески

9.Ристески Димко Танески

10.Ристески Тане Танески

Димко и Тане за време на колкективот беа одредени налбати за потковување на марулските запрежни добици, воловите, коњите и магарињата.

Стерилизатори за машки пол на добици бикови, пастуви и прасиња по с. Марул.

1.Апостолоски Трајан Танески

2.Тошески Божин Јолески

Чукање на јунци – бикови, виење, на пастуви и скопување на прасиња, марулско говорно наречје. Чукање брави. Изработувач на дрвени корита, употреба во домаќинството, како за изработка на мртовечки ковчези беше Ѓорѓијоски Стојан Николоски, домазет од с. Бешиште.

Мајстори дарбосани за ѕидање со камен во Марул:

1.Атанасоски Трајан Танески

2.Атанасоски Јован Танески

3.Дамјаноски Јован Василоски

4.Дамјаноски Ристе Дамјаноски

5.Димоски Драган бончанец, домазет Богданоски

6.Јошески Киро Котески

7.Митрески Степан Мурџески

8.Ризоски Трајан Колески

9.Ризоски Бориз Јошески

10.Петрески Митре Бабјак

11.Ристески Тане Танески

Мајтори за фурни ѕидање:

1.Дамјаноски Јован Василоски

2.Василоски Алексо Василоски

3.Велјаноски Благоја Велјаноски

4.Димоски Драган Богданоски Јанкоски

5. Јошески Блаже домазет Јанкоски Илијоски

6.Петрески Атанас Мурџески

7.Ризоски Трајан Трајан Колески

8.Ристески Тане Танески

Метални мајстори:

1.Апостолоски Трајан Танески

2.Петерески Ванчо Мурџески

Сточни надрилекари од секаков вид на помош од скршени нозе до породување на стоката итн.:

1.Атанасоски Трајан Танески

2.Василоски Милан Борачо

3.Јовчески Трајко Велјаноски

Горење на јазикот на крупната стока од болест золзап:

1.Анѓелески Илија Кадијата домазет од малинковци од с. Штавица кај Стевановци – Гулабовци во с. Марул,

Најдобри стригари на овци:

1.Мојсоски Веле Колески

2.Јовчески Трајко Велјаноски

3.Павлески Јованче Павлески

4.Ризоски Драган Бошески

Мајстор за градење на нови оџаци:

1.Јошески Ќиро Котески

Најдобри мајстори за резачи на камени фигури:

1.Јованоски Илија Крушка

2.Ризоски Трајан Колески.

Трајан работел подолго време во Чикаго, Америка на отворање на подземни тунели. Работел на пругата Велес – Битола. Со неговото клепање правел надгробна плоча од најлут камен во марулскиот синор кој се навоѓа во западната страна према Каракамен. Неговото клепање на копачката заменувало три клепани копачки кај прилепските ковачи. Мајсторите Илија и Трајан изработува камени гробни плочи, камени копаник – корита, грлушници за бунари, воденички камења, рачни мелници, камени корита за во казарниците за ладење водата кога ќе се печи ракија и ред други порачки од камен.

Најбрзи молзачи на овди:

1.Ристески Ладе Јнакоски

2.Ристески Атанас Јанкоски

3.Павлески Јованче

Кога сме при оваа тема при овчарлако да кажеме нешто повеќе за Павлески Јованче. Јованче беше гајдаџија природно надарен за сточар. Ги сакаше овците додека одеше овчар во замена на по година дена со својот брат Игне до 1964 година има некаде 140 овци најубави во Марул Во разговорот со Јонче велеше, за летниот период кога овците се пасат ноќно време, ноќта е вампир, еден овчар треба да биде спремен и буден, да има добри кучиња, добри клопотарчиња и разонода да има со мозокот со музика. Затоа Јованче кога беше овчар стално ја имаше сурлата од гајдата разлеваше со нејзе во ноќта во марулскиот синор. Стрижеше брави на прат што беше многу убава дарба. На еден овчки стриг на овците од ЗИК Прилеп во 1966 година во трлата Зикови во месноста Бртвите до 1954 година беше марулско место. Павлески Јованче оди на стрижење со своите прости ножици крклици правени на ковач. За надница Јованче остригол повеќе од 30 овци од своите соработници додека траело стрижењето во пролетта 1966 година со неговата 46 годишна возраст. Втрото место му припаднало на подмолскиот стрижач Кржески Лецо, мајстор за градење и изведување на нови оџачи каде беше потребно во домаќинството, тука беше мајсторо Јошески Ќиро Котески.

Надри лекари, бајачки и кршење заушки:

Во Марул имаше повеќе надрилекари додека селото беше комплет, целосно до почетокот на седумдесетите години од минатиот век 1970 година.  Спрема мислењето и потребата од лекарска услуга народ идеше кај бајачките за некаква помош од нив.

1.Бајачка била Танеска Атанасица Дуна 1840-1917 баела за враќање на изгубеното млеко до мајка доилка.

2.Гулабоска Огнејца Магда 1867-1942 баела од урочување, почудиште.

3.Танеска Ризојца Аца 1870-1951. Баеше од почудиште, урочување од црвеница од сипаници, голема и мала. Беше популарна бајачка. Многу не сакаше, беше деленица со мајка е мајка ми во с. Прилепец.

3.Дамјаноска Дамјаница Ристана 1880-1959 баеше од црвеници по телото од почудиште, урочување, и таа беше популарна бајачка.

5.Јованоска Илица Петра Крушкојца 1884 – 1961 беше популарна бајачка, собираше многу народ луѓе со здравствени проблеми и несреќи, ја посетуваа од многу далечни краеви за помош. Баеше од почудиште, нагазиште, од сипаници, и одредуваше петочна вода за миење.

6.Јанкоска Богданица Крста 1900 – 1963. Баеше претежно против начмич и црвеници во очите.

7.Петреска Цветаница Трајана Мурџеска 1897-1963. Беше бајачка против неплодност кај женскиот пол. Имаше метални обрачи преку тие обрачи неплодните жени се миеа.  

8.Митреска Јованчејца Коприна Мурџески 1913-2008. Баеше од аланѓузи, нафрлување струпчиња кај малите деца, бебиња. Многу мајки и баби се фалеа од нејзината помош со баењето.

9.Трајксока Василица Менка Чонеска 1895-1975. Беше барана за помош при пороѓај на некоја жена со некоја сметна при породувањето. Во вакви случаи Менка беше повикувана како прва помош.

10.Јованоска Јованица Ивана 1891-1968 наша комшица. Баеше од болеста црвеница која често се појавуваше во пролетното време кај децата. Беше добра којачка и шијачка на рака за волнени овчарски алишта.

11.Јованоска Вангелица Босилка 1925- 2016 . Баеше против урочување, почудување, било на луѓе било на добици. Со нејзиното баење оддредуваше средочна и петочна вода на некој извор за миење. Беше доста посетувана и почитувана од народот.

12.Јошески Петре Галабаро 1903-1974. Беше специјалиста за на заболени од заушки. Ќе го седнеше пациентот и ќе му ја врти главата во полукругот в лево в десно на неколку пати. И веднаш ќе му ја заврти главата посилно на едната страна, па на другата страна и ќе го пушти пациентот дома да си оди. Со тоа негово лечење пациентите признаваа дека е позитивно.

13.Јошеска Петрејца Митра беше специјалист мајстор за лечње повреди, изместен дел од телото, шината рака или нога. Поготово кај мали деца на кои им се случило при играње или трчање. Ќе го примаше пациентот, ќе земи леген со вода и домашен варен сапун, со сапунот ќе го трие повреденото место, изместена рака или нога, ќе потргне лево или десно и зглобот ќе се врати на првобитното место. Ако е потребно ќе го преврзи повреденото место со непарена серејска волна и ќе го пушти пациентот да си оди дома, повредите и боловите ќе исчезнат а таа си добиваше признание за добро извршената работа. И Танески Трајан беше добар мајстор местач. Сите овие гореневадени лечења од надрилекарите имаа македонски имиња во медицината како се викаа не познато.

Продолжува

Loading