НАДЕЖ ЗА ЖИВОТ – ВАКЦИНАТА НЕ БОЛИ!

Vasil Naseski

Васил Насески (78): Добро беше, не осетив ништо. Ги имам примано и другите вакцини за инфлуенцата досега. Пет-шест години сум немал реакции. Сега Господ здравје нека дава. Шеќераш сум 30 години, два стента имам ставено. Се чувствувам добро. Дојдов оти сум со коморбитети. Заразените колеги кои беа како мене, починаа. Се пазев и не се заразив. Сите мора да се имунизираат, да се стекни умунитет, покрај овој колективниот во Прилеп. Голем успех  е да се спречи короната. Носењето маска и дистанца треба да се одржува и понатаму.

Cvetko Ruleski

Цветко Рулески (80): Се чувствувам добро. Немам никакви проблеми. Верувам дека со вакцината ќе исчезне короната. Затоа дојдов. Секој организам е различен, кој како чувствува. Пожелно е секој да се вакцинира да ја отстраниме оваа опака болест.

lenka markoska

Ленка Маркоска (76): За вакцина ме запиша матичната, а потоа и специјалистот каде одам на контрола. Ми препорачаа да се вакцинирам. Рекоа дека и докторките ќе се вакцинираат, така и јас како нив. И брат ми од Австралија и ми рече да не чекам, да си се вакцинираш. Со сите пријателки што сум се слушнала, сите се пријавени, ама не знаат кога ќе ги викнат.

НА 10 МИНУТИ ПО ЕДЕН ПАЦИЕНТ

Zorica Sojleska

– Стартот на имунизацијата  беше добар. Технички сé е во ред. Пациентите се јавуваат на време, според терминот. До 11 часот беа вакцинирани над 30 пациенти. Откако ќе ја примат вакцината, 10 – 15 минути пациентот треба да поседи. Сé е организирано. Имаме екипи за регулирање на влезот на пациентите и екипи за излез на пациентите. Термините се закажани на 10 минути и пуштени се до петок, односно до 2 април. Сабота и недела нема да работиме – вели Зорица Шојлеска, главна сестра.

Loading