ОГРЕВНО ДРВО НА РАТИ

ЗА ИНВАЛИДСКИТЕ  ПЕНЗИОНЕРИ

Со години инвалидските пензионери обезбедуваат огревно дрво преку своето здружение. Така неколку здруженија на Сојузот на инвалидските пензионери на Македонија се ангажирани преку Македонски шуми или други добавувачи на рати да им обезбедат огревни дрва за наредната зима на своето членство. Цената е прифатлива. За инвалидските пензионери во Прилеп од шумите над Крушево ќе бидат донесени над 1300 метри кубни дабово и буково дрво, а членовите плаќаат на рати. Досега се запишани неколку десетици пензионери кои бараат над 600 метри кубни дрва.

 Дел од старосните пензионери се снабдуваат преку својата асоцијација.

Loading