ФРЛЕНО МАСЛО ВО ДВОРОТ НА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Во дворот на семејната куќа на поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески непознати сторите фрлиле автомобилско масло, оштетувајќи го плочникот.  Ристески на ФБ напиша дека ова е уште една штета направена врз него во минативе три години.

 -Наместо на градот и државата, Вие ,,господа,, потрошивте 4 години на мене, исполнувајќи го само својот фрустриран ,,фетиш,, и ништо друго. Прилепчани добијаа само уназаден град. Не го трошите времето со мене, нека не ве прогонува постојано мојата ,,аура,, и сé што сум  напрвил за овој град. Сето тоа требаше да биде поттик и репер, а не страв…, да ме надминете и да оставите трага по која ќе ве паметат граѓаните, затоа што го заслужуваат тоа. Се надевам, наредните ќе успеат да ја исправат лошата слика и ќе ги надминат ,,севернокорејските,, методи, враќајќи го, како што беше, демократскиот, натпреварувачки и европски дух на градот. Со овој ,,европско-демокртатски,, дух ќе бидат запознаени сите амбасади – напиша Ристески.

Последниве години мета на имотот на Ристески било двократното демолирање на автомобилот.

Loading