ОСУММИНА ЗАРАЗЕНИ ВТОРПАТ

Од 22 до 28 февруари Центарот за јавно здравје информира дека во Прилеп имало 315 нови случаи на Ковид-19. Евидентирани се 8 случаи на реинфекција.

Од последици на коронавирусот починале 10 лица. Активни се 658 случаи, од кои 75 лица се на болничко, 499 на домашно лекување, а 84 се лекуваат во дневната болница.

Во домашна изолација и самоизолација заклучно се 470 лица.

Од почетокот на пандемијата заразени се 5.431, а од вирусот починале 264 лица.

Loading