ДОБИВКА ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА

Лани во Тутунскиот комбинат

Тутунски комбинат (ТКП) лани остварил добивка од 31 милион денари. По 20 години на списокот на најголемите загубари во земјава, втора година ТКП прокнижува добивка. Во 2019 година добивката бешеизнесуваше 39. милиони денари.

Во 2020 година оперативните приходи биле  904,5 милиони денари и се намалени за 7 отсто во споредба со 2019 година, како резултат на намалувањето на приходите од продажба. Расходите пораснале за еден отсто, поради зголемување на трошоците за суровини и други материјали.

Позитивните финансиски резултати покажуваат дека друштвото ги исполнува планираните параметри, со тенденција да се продолжи со исто темпо и наредните години. Со партнерството  со Филип Морис Интернационал (ФМИ) во заедничката компанија ПМТКП, изминатите години ТКП значително ја подобри инфраструктурата на производство со реновирање на производниот погон и подигнување на производствените стандарди, што овозможи и производство на нови квалитетни брендови од палетата на ФМИ –  Марлборо Флавоур Плус, Цхестерфиелд 7.0 и Марлборо Цоре 7.0.

Loading