СТРОГО ПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ – ПАК РАСТАТ КОВИД ПОЗИТИВНИТЕ

АПЕЛ ОД ИНФЕКТОЛОГОТ КРСТЕСКА:

d-r Mirjana Krsteska -  infektolog

 

,,Граѓаните строго да ги почитуваат мерките за заштита поради зголемениот број на ковид позитивните,,.

Ова го апелира инфектологот Мирјана Крстеска, раководител на Инфективното одделение во болницата.

Таа на ФБ предупредува дека ширењето на вирусот зависи од однесувањето на прилепчани.  

-Поради повторно зголемениот број на Ковид 19 пациенти во градот, како и поради скоро исполнетите два ковид оддели во болницата за краток период, упатувам апел повеќе од било кога да се почитуваат мерките за превенција од ширење на инфекцијата. Новиот сој полесно се шири, особено ако не се носат маски и ако се продолжи со групирање со часови по кафеани или по домови. Должни сте за себе и за семејствата, а и за нас, преморените здравствените работници, строго да ги почитувате мерките за заштита!!! Гледате колку зависи од вас ширењето на вирусот – напиша Крстеска на ФБ.

Центарот за јавно здравје регистрира 198 нови случаи на Ковид-19 од 8 до 14 февруари. Од последици на коронавирусот починале 4 лица. Само  на 15 и 16 февруари, заразени се 50 лица, а починале уште четворица. Активни се 306, а 31 лице се наоѓаат на болничко, 251 на домашно лекување. Во дневната болница се лекуваат 24 лица. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 224 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.842. Од почетокот на пандемијата, а од коронавирус починале 243 лица.

Loading