ПЕЛАГОНИЈА БАРА АВТОПАТСКИ ВРСКИ

ministri

Заменикот на претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи  на средбата со стопанствениците во Прилеп изјави дека бизнис секторот во Пелагонија може да очекува силен инвестициски и инфрастуктурен бран, вклучувајќи ги намерите за системски промени, царински и даночни олеснувања,

-Тоа е поддршка за раст и развој на домашните и странските компании. Фокусирани сме на модернизација на патната инфраструктура во Пелагонија – изјави вицепремиерот Битиќи.

Стопанствениците отворија повеќе прашања со инфраструктурата во регионот.

-Пелагонискиот регион заостанува, иако е втор во земјава со околу 8.300 фирми и 220.000 жители. Тука се создава 13 отсто на БДП, многу млеко, јаболка, тутун и енергија. Бројките ќе бидат поголеми, ако се подобри инфраструктурата со автопатски решенија – истакна Мирко Велковски, претседател на Регионалната комора од Битола.   

Loading