На последната седница, делегатите на Собранието на Здружението на пензионерите го избраа за претседател долгогодишниот активист, професорот Ангеле Кироски. Тој доаѓа на местото на починатата Роза Василеска.
Според него, најважно е здравјето на членството. Првин да се преброди пандемијата и пензионерите да се ослободат од стегите на болеста. Значајно е отворањето на клубовите за остварување на активностите.
Кироски два мандата беше претседател на Комисијата за спорт. Под негово раководство, како добар и признат шахист, пензионерите постигнаа високи резултати на регионалните и на државните спортска манифестации.
Како професор по француски јазик, пред пензионирањето два мандата беше директор на ОУ ,,Манчу Матак,,.