ЕКО УЧИЛНИЦА ВО ДВОРОТ

ОУ Круме Волнароски“ во Тополчани

topolcani

За над 2.4 милиони денари во ОУ ,,Круме Волнароски,, во селото Тополчани значајно е сменета инфраструктурната слика.

Во Тополчани се направени градежни зафати и набавена е опрема за училиштата во селата во Алинци, Загорани, Ново Лагово и Беровци.        

-Ограден е дворот, реконструирана е фасадата, покривот, подовите и скалишното јадро во Тополчани. Изграден е монтажен летниковец во дворот, наменет за еко-училница. Реконструиран е руинираниот ходник во Старо Лагово. Заменета е дотраената столарија и браварија во училиштата во Алинци и Загорани. Инсталирани се клима уреди во Ново Лагово, Беровци и Алинци, а во Загорани заменета е дограмата – вели директорката Јасмина Караниколова.

Во реновирањата доброволно учествувал техничкиот персонал, кој го санирал подот во Ново Лагово.

Loading