ХУМАНА ДИМЕНЗИЈА, НЕГУВАНА ЧЕТВРТ ВЕК

25 години Иго – Пер 2007

Dva objekti na izlezot od Prilep na  Igo - Per 2007

Клише ќе биде, ако сторијата се почне со онаа народната: ,,Раката што дава, не се суши,,. Туку напротив, Иго – Пер 2007 е компанија која хуманата димензија ја негува откако е создадена. По повод 25 годишното постоење сопственикот Игор Трајковски, на акцијата само í даде јавност, опфати повеќе семејства со донираната ПВЦ дограмата во значител износ. Идејата била негова. А за целата мисија успешно да се заврши и помошта да отиде кај семејствата на кои им е прекупотребна, помогнала Благица Мицеска, администраторката на големата ФБ група, “Прилепчанки на кафе муабет”. На 4 семејства им ја вратиле насмевката, им помогнале да дојдат до потопол дом, им го намалиле провевот, а амбиентот им стана попријатен. Посетата на десеттината семејства, на површина ја исфрлила потребата од хуманитарни акции, во кои би можеле да се вклучат и други компании.

Sopstvenikot Igor Trajkovski– Одлучив да донирам ПВЦ столарија од Кемерлинг, германскиот профил. Има семејства на кои им е потребна помош, а не само да се рекламираме. Да не биде ,,редена,, работата, размилував со пријавување на ФБ, па да се изврши изборот. Но, сиромашните семејтва не можат да стигнат до интернет и ФБ. Затоа одлучив да оди преку Благица Мицеска и  ,,Подари – не фрлај,,. Беа пријавени десетинаа семејства. Изборот се сведе на 4, кои беа во навистина лоша ситуација, најзагрозени. Едно е во селото Крушеани и три од Прилеп. Одевме преку најголемата прилепска женска група затоа што мислевме дека тие располагаат со информации и знаат повеќе семејства на кои им треба помош – објаснува Игор Трајковски, сопственик на Иго – Пер 2007.

Реакциите биле позитивни. Имало и семејства со повеќе деца.

-Треба да се разбуди солидарноста и свеста кај фирмите кои може да помагаат затоа што во оние домови каде бевме, може да им се помогне и со други работи. Едно семејство немаше каде да седат и да спијат. Една фирма за мебел им подари кревет. Можеби помошта не е од витално значење, не е храна без која не се може, но донацијата не е занемарување – објаснува Трајковски.

Ќе продолжи со хуманитарните акции. И пред оваа организирана помош, Иго – Пер помагал и давал без никој да знае. На семејство, дури во битолското село Трново, заедно со членовите на групата Молика, им помогнале да се спасат од ветрот и студот кој влегувал низ сите пукнатини на немалтарената куќа.

Започнале пред 25 години со работа од дома, во гаража, за денес да имаат два објекти на излезот од Прилеп, и да го држат чекорот со модерни текови преку прозорци, врати, ролетни со мотор, со далечинско во бела, сива, црна боја…, спрема желбите на муштериите.

Loading