ГОДИНАВА СПОРТСКА САЛА

За 60-годишнината на ОУ Кире Гаврилоски – Јане

kire gavriloski jane sl

Во годината кога ОУ ,,Кире Гаврилоски – Јане,, одбележува 60 години, се сумираат напредни инфраструктурни зафати за подобрување на воспитно-образовниот процес. Се најавува и градба на спортска сала, промена на оградата и зафат за енергетска ефикасност. Ќе се промени фасадата.

Сменети се сите стари со нови ПВЦ врати, реконструирани се 11 училници на приземјето со спуштање на таваните за подобрување на енергетската ефикасност, променета е електричната инсталација со нови лед светилки. Реконструирани се санитарните јазли.

– Поставен е топлотен под, ламинат во 11 наставнички кабинети и купена е машина за темелно чистење на подовите. Набавен е училишен инвентар од 120 големи клупи и 240 столици, 12 мали клупи и 50 столчиња, 12 наставнички катедри и 30 канцелариски столици за 853.000 денари. Реконструирани се ходниците на приземјето и на првиот кат со спуштање на таваните и смена на осветлувањето – вели дифректорката Кети Стевананџија.

Инвестирано е и во нагледни средства и технички помагала, опремеени се кабинетите по физика и хемија. Збогатен е библиотечниот фонд со 300 лектири и 5 енциклопедии.            

Loading