ДЕЛУМНА ПРАКТИЧНА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО

СОУ Ѓорче Петров

gorce petrov sl

Со околу три милиони денари се подобрува изведувањето на воспитно-образовниот процес во СОУ ,,Ѓорче Петров,,. Без проблеми тече наставата од далечина. Практичната, пак, е со физичко присуство за учениците од трета и четврта година. Училиштето обучува возрасни за асистенција на лица заболени од Алцхајмерова болест. Со проектот на УНДП опфатени се 12 невработени кандидати, кои ќе добиваат одредена финансиска надокнада додека трае обуката.

Според директорката Петра Лукароска, реновиран е кабинетот по информатика. Опремен е со 22 нови компјутери, 3 смарт табли, како и 10 нови компјутери за изведување на настава од далечина.

-Комплетно се сменети внатрешните врати и променета е и влезната врата на главниот влез. Се реновираа и тоалетите на приземје и на првиот кат – вели Лукароска.

Таа најавува реновирање на тоалетите на останатиот дел за 764.000 денари.

Лукароска за очекува промена на подовите и нова фасада.

Loading