МАГНЕТНИ ТАБЛИ

ОУ Климент Охридски

ou kliment ohridski sl

Во ОУ ,,Климент Охридски,, следат настава со физичко присуство и онлајн 793 ученици. Континуитет се инвестициите за подобрување на условите, обновување на наставно образовните нагледни средства и обуката на наставниот кадар. Во таа насока се вложени 4,6 милиони денари.

– Инвестираме во наставно образовни помагала, реконструкции, набавка на магнетни табли и смарт телевизори со интернет. Реконструирани се внатрешните скали и ходниците Подигната е биста на патронот во училиштето – вели директорот Зоран Сребреноски.

Инвестирано е и во училиштето во селото Мажучиште, каде е отворена втора паралелка. И таму  се реконструирани и опремени училниците.

Се очекува реконструкција на оградниот ѕид пред старата училишна зграда.           

Loading