ГОДИНАВА ФАСАДА СО ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Во ОУ Добре Јованоски

dobre jovanoski 16

Промена на подовите во училниците, ходниците и скалите, заменети врати од училниците, обичните светилки заменети со лед светилки, комплетна замена на старите клупи и столчиња со нови, нова дограма и набавка на нагледни средства, се дел од инвестициите во ОУ ,,Добре Јованоски,,.

-Променета е дограмата со амбасадата на Јапонија за 50.000 евра. Со пари од локалната самоуправа пренаменети се две простории во училници. Отворен е дневен престој. Во сите училници се обезбедија нови клупи и столици и се сменети вратите. Реконструирани се и санитарните јазли. За подобрување на енергетската ефикасност, сменета е дограмата во подрачното училиште за 900.000 денари. Реконструирани се таваните и подовите. Набавени се машини за чистење на подови, принтери, телевизори, наставни средства и помагала. Во дворот е изградена летна училница – вели директорката Сузана Дарковска.

За подобрување на онлајн наставата, за учениците од социјално ранливите семејства преку разни донации,добиени се повеќе таблет компјутери.

Годинава ќе вложи во фасада со енергетска ефикасност.

Loading