ПЛУС 400 ТОНИ ОД ДАЛИЈА ТАБАК

Во екот на откупот во Тутунски комбинат

Радовишкиот род е со висок квалитет

Kiril Stankoski

Тутунскиот комбинат ќе ги преземе договорените количества тутун од од кооперантите на радовишката компанија Далија Табак. Станува збор за околу 400 тони, за кои фирмата не обезбедила средства за исплата на тутунот. Паралелно, во Комбинатот тече откупот на ланскиот род. Преземени за обработка се околу 70 отсто од договорените количества или околу 1800 тони. Наместо 2600 тони, Комбинатот ќе презема над 3000 тони тутун.

Според директрот на ТКП, Кире Станкоски, грев е да се остават околу 800 кооперанти без пари и без егзистенција, на цедило.

tutun-otkup-prilep-03-1

– Гледајќи ја маката на тутунарите, излеговме во пресрет на кооперантите на Далија табак. Законските процедури ги завршивме и почнавме со откуп во нашите пет пункта во радовишко. Паралелно, кооперантите се задолжуваат со амбалажни картони. Квалитетот е рамен на прилепскиот од градскиот реон. Се очекува раст на интензитетот на откупот. Ќе работиме и во сабота. До крајот на февруари ќе го преземеме целиот родот, со оглед на тоа што веќе се купени 70 отсто од тутунот на нашите кооперанти во радовишко. Финансиските средства се обезбедени. Исплатата ќе се врши вообичаено, ден по откупот. Треба да се преземат нешто повеќе од 400 тони – објаснува Станкоски.

Во откупните станици на Комбинатот во прилепскиот дел, откупот тече според утврдената динамика, дури и засилена. Преземени се околу 1800 тони или 70 проценти од договорените количества од коперантите кои ја предале ланската берба. Квалитетот не е како реколтата од 2019 година. Има листови со невообичаен раст од 30, 40, па и 50 сантиметри. Тоа е неспецифично за тутунот од типот Прилеп. Во него недостасуваат шеќери и никотин, што го прават тутунот ароматичен и поради тоа паѓа квалитетот. Тоа се случи поради врнежите во средината на август, кога тутунот нагло нестандардно прерасна.

tutun-otkup-prilep-04

– До 15 февруари ќе го преземеме тутунот од нашите кооперанти. После ќе го засилиме откупот во источниот дел, од нашите  и од тутунопроиводителите на Далија табак – вели првиот човек на Комбинатот.

Тој најавува откуп на околу 10 отсто од вишокот на тутун, кој не е регистриран со договори кај дел од кооперантите.

– Не е благодарно да ги оставиме  коопертнтите со по неколку стотина кила да им остане дома – вели Станкоски.

Според него, нема место за паника и страв дека не ќе биде откупен и тутунот кој е надвор од договорот. Откупувачите презедоа обврска да преземат плус 10 отсто од договорените количества. Во овие количества се сите квалитети.

Тутунскиот комбинат веќе обезбеди пласман на околу 2000 тони обработен тутун по квалитети за стратегискиот партнер Филип Морис. За останатите количества веќе се преговара и се верува дека ќе се најде пазар до почетокот на мај.     

tutun-otkup     

Loading