ОЛЕСНУВАЊА ЗА СОЦИЈАЛЦИТЕ

dejan toseski

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, покрај пандемијата, без застој ги опслужува граѓаните од општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани.             Со почетокот на годинава актуелна е обновата на корисниците на правото родителски додаток за трето и четврто дете. Тие се должни да ги обноват документите до 31 март. Воспоставена е огранизираност за сите кои ќе ги обноват документи до 31 март да немаат застој во исплатата. Според текот на обновувањата на документи, ќе се изработуваат нови решенија.

– Според новиот закон, не е потребна обнова на документите на корисниците на гарантираната минимална помош. Преиспитувањето на правото по службена должност го прават стручните службеници на реоните. Едновремено се изготвуваат решенија со кои се усогласува износот на правото зголемен сразмерно со процентот на порастот на трошоците за живот од претходната година – вели Дејан Тошески, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа/

Со измените на законот со почетокот на годинава, се олеснува пристапот на граѓаните со социјален ризик до правото на гарантирана минимална помош. Измените се однесуваат за материјално необезбедено домаќинство кое не остварило приход повисок од правото еден месец пред поднесувањето на барањето и во месецот кога е поднесено барањето. Престанува да важи условот сите полнолетни членови на домаќинството да бидат пријавени во агенцијата за вработување и да имаат статус на активни баратели на работа, како и забраната за користење на правото доколку на член од домаќинството му престанал работниот однос спогодбено или со отказ од страна на работодавачот.

Енергетскиот додаток ќе се плаќа 12 месеци, наместо 6 месеци во годината.  Промените во домаќинството корисниците на правото на гарантирана минимална помош се должни да ги пријават во рок од 30 денови, наместо 15 дена.

Со овие измени се олеснува пристапот до правото на гарантирана минимална помош на домаќинствата кои се нашле во положба на социјален ризик. Овие одредби важат додека трае кризната состојба во земјава.

Loading