МОДУЛАРНА КОВИД БОЛНИЦА КРАЈ БОЛНИЦАТА

bolnica-prilep-12

Почна градбата на модуларната ковид болница кога нагло паѓа бројот на заразени пациенти со корона вирусот. Капацитетот ќе биде за 32 пациенти, додека во болницата се лекуваат 35 ковид пациенти. Се очекува болницата да ги прими првите болни во март. Паралелно се затвораат ковид центрите на гинекологија и на интерното одделние.

-Модуларната болница ќе има и амбуланта за прегледи, лабораторија и дел за рентген дијагностика, исклучиво за ковид пациенти. Со тоа ќе се растовари инфективното одделение, а останатите одделенија ќе ја нормализираат функцијата – вели директорот на болницата Драган Богоески.

Болницата веќе вработила 12 нови општи лекари и 10 медицински сестри. Се размислува за вработувања за потребите на модуларната болница.    

kovid bolnica

Loading