И БОГОЈАВЛЕНИЕ ПО ПРОТОКОЛ

vodokrst v ezero

Година МПЦ-ОА одлучи да го одложи положувањето на светиот крст во реките и езерата поради пандемијата, а Богојавление или големиот водосвет црковно се славеше во храмовите со Божествена златоустова литургија. Осветувањето на водата се изврши според препораките на Комисијата за заразни болести.

Празникот прилепчани го прославија достоинствено со верба во Бога  и одговорност кон јавното здравје. Осветување на водите се одржа во кругот на храмовите. Традиционално по завршувањето на службата некои граѓани ги пуштаа и гулабите да летаат од црковните дворови. Крст се фрли првпат во водите на Вештачкото Езеро. Прилепскиот архиерејски намесник Влатко Ристески со свештеници ги осветија водите без присуство на граѓани.

Дарко Неданоски од Спасителната служба Златоврв заедно со неколку прилепчани се искапија во водите на замрзнатото плетварско езеро на чија површина мразот го искршија во форма на крст.

vodici

-Група спортисти го одбележивме празникот со влегување во езерото со мраз од 15 см. Првин направивме дупка во мразот во форма на крст и нурнавме во водата. Чувството е прекрасно. И досега сме скокале по Светиот крст во базените. Овојпат е поразлично и се надеваме дека ќе прерасне во традиција и догодина уште помасовно ќе се одбележи денот кога водата ладна како камен е здравје – Неданоски.

Празникот е во спомен на Христовото крштевање. Црквата го востановила празникот Богојавление – Божја Теофанија, односно јавувањето на Света Троица. Божјата волја била на најјасен и очигледен начин на денот на крштението на Исус Христос да се открие Светата Троица и тоа: Второто Лице се крштева во реката Јордан, Светиот Дух во вид на гулаб слегува врз Него, а Бог Отец сведочи од небесата: ,,Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја,,.

Еден е од најголемите христијански празници каде што Бог ги потопи и очисти гревовите од целото човештво во водите Јордански. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух. Водици се нарекува уште и заради големиот водосвет, што го извршува Црквата двапати во годината на Водокрст и Богојавление. Со големиот празник Богојавление (Водици) се заокружува циклусот на јануарските празнувања.

vodici vo mraz

Loading