СТАРИОТ СТИЛ НА ЖИВОТ ПО ВАКЦИНИРАЊЕТО

Новогодишна анкета

miceskaАнастасија Мицеска – 7 одд. во Кривогаштани, посакува настава во училишни клупи. 

– Добро мина онлаин наставата, но недостасува ружењето со другарчињата и контактите со наставниците и роднините – вели Мицеска, во надеж дека в година ќе се следи наставата во училиштата.  

hajredinovik

 

 

 

 

 

 

 

Селмин Хајрединовиќ од Житоше, кој две години живее во Германија, дојден е дома за празниците.

– Луѓето ,,горе,, се подисциплинирани, држат дистанца и носат маски. Овде е малку поинаку. Би сакал в година да се вратиме на нормалниот живот, што ни недостасува многу нам – вели Хајрединовиќ.

petreska

 

 

 

 

 

Вера Петреска нема да ја памти годинава по арно, туку по лошо.   

– Посакувам мир, спокојство, здравје, среќа, луѓето да се сакаат, а не да се мразат, да се решаваат проблемите паметно, нормално…- вели таа. 

Cane Risteski

 

 

 

 

 

 

 

 

За Цане Ристески, (61) тутунопроизводител, работник од Еурокомпозит, тутунопроизводството паднало на ниски гранки.

– Тутунот се зема само трета и четврта класа, што не било ниту пред 10 години. Не можеме да ги зивадиме трошоците за аргатите. Треба да помогне Владата и градоначалникот – вели Ристески.

bosko trajkoski

 

 

 

 

 

 

Бошко Трајкоски (66) ја минува годинава мизерно поради пандемијата.

-Верувам дека постои болеста. Никој не може да каже дали вакцината е добра, и која е, американската или путинската. Нема да биде –  ,,Мижи Асан – да ти баам.,, – вели Трајкоски.

slavko veljanoski

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Славко Велкоски (68) ќе ја дочека Новата Година дома со децата оти останал без брачната сопатничка.

– Ја памтам како неубава година. Политичарите го раскараа народот. Се продаваат и нема што да остане… Чудо е како се одржува државава. Срамота – коментира Велкоски за надежите за идната година.

Loading