НАГРАДИ ЗА ОБЛЕКА ИНСПИРИРАНА ОД СЛИКАРИ

Во СОУ Ѓорче Петров

gorce petrov

Со почитување на мерките за заштита од Ковид 19, во ОУ ,,Ѓорче Петров,, беа доделени наградите, сертификатите и благодарниците на учесниците на онлаин конкурсот ,,Јелена Крстиќ”, организиран во спомен на ученичката Јелена Крстиќ. Темата беше ,,Современа облека инспирирана од делата на познати сликари”. Креациите покажаа дека училштето е расадник на таленти, кои посветено творат, прават комбинации на материјали и техники и со љубов постигнуваат ефектни дела.

Првпат се додели Гран При награда, која ја доби Марија Станојовска од текстилно-кожарската струка. Таа е креативна и надарена ученичка која претендира да стане дизајнер.

-Тоа беше сон и на Јелена, кој, за жал, не и се оствари – нагласија родителите, кои се заблагодарија на организаторите и на учениците во чии цртежи и дела живее споменот на нивната ќерка.

Прва награда освои талентираниот Антонио Ѓурчиноски, зад неа е Симона Стомнароска, а третата награда и припадна на Михаела Ванчева.

Спонзор беше компанијата Комфи Ангел.

Манифестацијата како традиционална продолжува со тенденција да ги поттикнува и промовира уметничките афинитети на учениците, креативноста и да даде до знаење дека естетиката и дизајнот на облеката се важен сегменти за современиот човек.

Loading