ЧУВСТВОТО ЗА ХУМАНОСТ И ЗНАЕЊЕТО ГО ТЕРА ДА ПОМАГА

Дарко Неданоски (27), претседател на Спасителната служба Златоврв

IMG 9612

Ќе биде на штрек и за Новата година. Телефонот ќе биде до него, на  перницата додека спие, до чинијата додека јаде. Затоа што во секое ѕвонење на приватниот телефон, првенствено помислува на повик за помош, затоа што така функционирал веќе 17 години. Дарко Неданоски (27) како претседател верува дека Спасителната служба Златоврв, која формално постои од септември, во 2021 година ќе ја добие поддршката за идните проекти и ќе се потпише меморандум за соработка со Општината со официјален телефонски број за помош. Неформално, функционираат 10-тина години како спасителен тим на Спелеолошкиот клуб Златоврв.

– Неопходна е службата за градот која ќе биде на располагање 24 часа, 7 дена за урбана и рурална средина и за секакви несакани ситуации. Воедно, потребен е развој на алтернативниот туризам, за активностите во планина, за обезбедување на настани, трки, спелеологија, качувањето по карпи,  велосипедски трки, џипџии, параглајдеристи…

IMG-20201107-WA0035

Нужно е да има спасителна служба бидејќи овие настани се професионални. Асоцијацијата има хумана димензија за спасување на граѓани како што беше последната потрага по жената на езеро во која се свкучивме после 14 часа, за жал, а законски за исчезнато лицето се смета дури по 48 часа.  Но, изненади големиот одѕив на доброволци – објаснува Дарко Неданоски, претседател на Спасителната служба Златоврв.

Во изминатиот период ги промовираа вештините на службата. Имаше сценарио за спасување на деца од пожар во горните катови на 13 катницата, во објект кој нема пожарникарски скали. Вежба во зимски услови – дете паднато во провалија кај Шаторов камен и го извлекувале на носилка со жичарница долга 90 метри и пренесено до пристапно. Потоа симулација на земјотрес во бизнис центарот. Неодамна имаа вежба на Трескавец и Пешна.

IMG-20201222-WA0001

– Во Пешна на висина од 60 метри на влезот на пештерата евакуиравме лица кои се истркалале и од одозгора и одозгола, им дадовме прва помош и ги извлековме до пристапно место. На Трескавец беше симулација на кањон со длабочина од 40 метри, до лице повредено до кое не може да се пристапи, од двете страни поставивме сидришта и преку жичарницата, со јажиња се симнавме до повреденото лице и со движиме преку јазиња, го прикачивме и со жичарницата лево односно десно го извлековме – објаснува Неданоски.

Неданоски е со обучениот тим од 8 лица кои имаат поминато обуки за прва помош, спасување од карпи, алпинисти, луѓе кои знаат топографија, ултратркачи, спелеолози, нуркачи, падобранци, со вроден инстинкт за сапсување во потфати ризични по нивниот живот.

IMG-20201222-WA0002

-Љубовта кон градот, татаковината, чувството да помогаме и знаењето да го споделиме е тоа што не тера да помагаме. Да направиме силна служба, за генерации и која ќе стане традиција – вели Неданоски.

Спремни се да дејствуваат на секој регион за разноразни природни непогоди. Наскоро ќе има промотивно видео и оглас за прием на нови членови на спасителната служба. Ваква служба има во Охрид и Скопје, но по техниката на единечно јаже се единствени. Потребни им се материјали, технички и финансиски  средства. Работат со свои средства колку што може да си дозволат. Соработуваат со Кризниот штаб за Ковид 19 со волонтерската служба за помош. Сметнувале домашни миленици од карпи, заглавени граѓани дома со автоматски врати и влегувале преку прозор со јажињата.

Телефонот за помош е приватниот, но ќе имаат и официјален телефон за помош.

IMG 9529

ЗАДОВОЛСТВО ПОСЛЕ СЕРИОЗНИ СЛУЧКИ

– Во Крушево параглајдерист падна и се заби на крошните на буките. Висеше два часа и го спуштивме безбедно. Спасување локални планинари во планината, спасување на повреден од велоспипедската трка Даун Хил на Топташ. Учествував во една акција во Словенија каде човек се спасуваше под минис 900 метри и бев меѓу 150 лица кои го спасивме.

Loading