КРСТОВИ СО МАРТИНКИ ПРЕТОЧЕНИ ВО НОВОГОДИШНИ КОЛЕТЧИЊА

Прилепчанката Билјана Миленкоска Јуруковски од Австралија продолжува со донации

1

Прилепчанката Билјана Миленкоска Јуруковски од Австралија не застанува со креативноста и хуманоста. Рачно изработи 120 крстови, заедно со пријателките ги продала и од средствата за Македонија направија новогодишни колетчиња за децата, старите лица и социјално загрозените семејства.

– Крстовите изработени се од посебна глина, печени во печка на 1500 степени. Не се по калап, туку секој е рачно правен и обојуван. Големи се 14х11 цм. Околу финализирањето со мартинки помогнаа моите пријателки и ги ставививме на продажба за 50 долари. Тие помогнаа околу продавањето. За креативни идеи ме бидува, а за трговец не. Собрани се 5600 долари. Парите испратени се во Македонија. За Нова Година и Божик, пакетчиња ќе добијат 120 лица во Старскиот дом. Со кондиторски домашни производи од Витаминка ќе се насладуваат 20 деца од Центарот за церебрална парализа. Останатите средства ќе бидат за 130 социјално загрозени семејства преку црквата Свето Благовештение во прехранбени артикли. Годинава беше премногу кризна, иако во Австралија не се почувствува. Сум подарувала и во  Африка. Чувството е восхитувачко кога ќе видиш насмевка на лицето. Животот нема да му го промениш, меѓутоа сепак тоа е изненадување. Хуманите вредности сите треба да ги негуваме. Тоа е прекрасно. Многу од крстовите ги купија Македонци родени во Австралија. Тоа беше изненадувачко. Но, купуваа и луѓе од Индонезија, Либан, Јужна Африка, дури и Грци. Оделував секој ден по 2-3 часа навечер за изработка, откако ќе ги завршев работните и семејните обврски – вели Миленкоска Јуруковски. 

Идеите во Македонија í ги операционализираат и í помага татко í Целе, за кого вели дека í е десна рака. Вели дека старите и децата се радуваат подеднакво. Пред еден месец Миленкоска Јуруковски собра над 3000 евра од продажбата на нејзините уметнички фотографии. Преку хуманитарната организација на МПЦ, Свети Спас, подели прехранбени производи на 350 загрозени семејства.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

Loading