СИТЕ ДАВААТ ВО БИТКАТА СО КОВИДОТ

Продолжуваат донациите в болница

Во битката со вирусот Ковид 19 кој досега однесе над 140 животи во општинава, секој помага како знае, умее и може. Вода, овошје, витамини и друго донираат граѓани, здруженија, фирми.

Семејството на Надежда Димшоска, во спомен на нејзиното големо срце и несебична душа, донира 2000 евра на болницата за потребите кои секојдневно се укажуваат во лекувањето на болните со Ковид 19.

Урбаната заедница Рид со несекојдневна идеја да го потпомогнат имуниот  систем на персоналот и хоспитализираните донира витамини, вода и сокови. И дневната смена на вработените од ОМР Прилеп подари вода, пулсоксиметри, средства за јакнење на имунитетот. Ова се дел од донациите, а за кои вработените од болницата, во името на болните од короната се заблагодаруваат јавно на ФБ.

Loading