ПОВЕЌЕ УМРЕНИ, ОД РОДЕНИ

ПРИЛЕП НЕМА ПРИРОДЕН ПРИРАСТ

Во Прилеп се родени 154 бебиња, а починале 240 лица во третото тромесечие од 2020 година, според податоците на Државниот завод за статистика. Ова го објавува порталот Инфокомпас. Тоа значи дека градот има повеќе починати, отколку родени или бројот на жителите се намалил за 86 лица.

И останатите пелагониски општини евидентираат пад на наталитетот и пораст на морталитетот.

Овие бројки може да бидат поголеми со оглед на неофицијалниот податок дека во ноември е драстично зголемен бројот на починати во споредба со ноември лани поради трагичните епилози на Ковид 19.

Loading