НАМЕСТО ВО АЛЕТО, ГО „ГУБРЕЛ“ ДВОРОТ

Во авионот Пејо се претставил како што знае и умее, со улавштини. Се чудел како лета в небо и да не сретне некој од своите дедовци, прадедовци, татко, мајка и друга рода и порода. Не можел да замисли толку “многу волна во небото”. Ако се облаци мора да има ангели.

Спокојно седи со поглед низ прозорецот. Се служи со сé што му се дава, покорен. Кога е потребно се врзува со помаш на стјуардесата. Малку се рашетува по авионот небаре е на биоскоп во Прилеп каде се војваат. Седна мирно, а некои продолжуваат да се точкаат де напред, де назад во лет за Америка.

Стигна и се смести кај пра-пра внукот од ќерката. Детето беше отишло пред десетина години. Работело во фабрика. Да не му “тежи” на плеќи, побарал работичка. Тргнал ама не можел да ги дооди улиците. Одвај се вратил во квечерината. Го довел некој полицаец кога ја покажал адресата. Другиот ден се вработил кај вдоица да í го ископа, исчисти и порамни дворот. Кутрата вдовица се пазарела за долари. За порано свршената работа, се добива  двојна награда. Тоа било мотив за надмудрување. Копал без починка, а кога газдарицата видела дека ќе го загуби облогот го нагостила со доручек. Пејо се најал, не знаејќи дека имало апче за пролив. Продолжил да работи, ама  почнало пачесто да го тера “понадвор”. Го посетувал алето, ама му бегало  времето. Газдарицата се смеела, гледајќи како времето врви. Пејо ги слекол панталоните и гаќит и продолжил да копа. Чинел копни-пушти, копни-пушти. Стигнал до крајот во одреденото време. Отрчал кај газдарицата необлечен, да не се задоцни. Таа кисело се насмеала и според облогот му платила. Тој í противречил, барајќи повеќе, бидејќи покрај копањето “го ѓубрел дворот”.

Loading