402 НОВОЗАБОЛЕНИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

Според Центарот за јавно, меѓу 24 и 30 ноември во Прилеп имало 402 нови случаи на коронавирус. Починале 17 лица. Бројот на активни случаи е 1000, од кои 833 се на домашно лекување. Точно 119 се третираат болнички, а 48 се лекуваат во дневната болница. На кислородна поддршка се 92 пациенти.

Во домашна изолација и самоизолација се 1.805 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од март досега во Прилеп е 3010 лица

Од почетокот на пандемијата до 2 декември, од коронавирус починале 140 лица.

Неофицијално, од разни болести и корона во ноември се направени над 170 погреби на прилепчани, што е речиси двојно во споредба со ноември 2019 година.

Loading