ЅВОНЧАР НАГРАДЕН ОД НАРОДНАТА БАНКА

zvoncar slikaМладиот литерат Талијан Ѕвончар од ОУ “Кочо Рацин” уште еднаш го потврди талентот и љубовта кон пишаниот збор. На државниот конкурс за најдобра литературна творба – расказ, насловен “штедам за моите желби, штедам за мојата иднина” во организацијата на Народна банка на Македонија, ја освои третата награда.

Наградите се поттик за овој наш млад автор да продолжи да го надградува и развива талентот за пишаниот збор и да ја ги освојува врвовите на литературното небо. Признанието сигурно уште повеќе ќе го открива внатрешниот порив. Дарбата е трамбулина за прогрес во литературното творештво.

Loading