ШЕСТ МЕЧА ДО ЕСЕНСКАТА ТИТУЛА

Фудбал: Женска лига

Despina

Женскиот фудбалски тим Деспина очекуваше два, а освои три бода на гостувањата со Саса во Каменица и со Тиверија во Струмица. Првиот меч го загуби со 1:0 од пенал, вториот го доби со 2:1, со двата гола на Стојковска. Со освоените бодови (21 од можни 24), има добри шанси за враќање на првото место, кое ја носи титулата есенски првак. Услов е да продолжи во ист ритам до крајот, во преостанатите шест кола.

Веќе в сабота е гостувањето на Шкендија во Тетово. Многу битно е да се освојат трите бода, со противник кој има 5 победи и 4 порази. Потоа е мечот дома со аутсајдерот, тетовски Љуботен, за да следи гостување на моменталниот лидер на табелата, Скопје. На ред е дуелот дома со битолски Топ-Гол, за да дојде третиот тежок меч, нагости кај второпласираниот Ас унитед во Струга. На крајот од есенва е натпреварот дома со кумановска Речица. Во меѓувреме е пауза поради мечот со Франција, каде за Македонија се повикани: голманот Верица Колевска, бранителките Даниела Велеска и Катерина Милеска, за врска Јана Чубриноска.

Табела: Скопје 24, Ас унитед 22, Деспина и Саса 21, Тиверија 20, Шкендија 15 итн.

Loading