БУИ ИСЦЕЛИТЕЛНА МОЌ

Манастирот Свети Јован Бигорски

Eksterier

 

На 2 км. од селото Ростуше, дебарско, на 740 метри височина се издига манастирот Свети Јован Бигорски. Положен е во впечатливите варовнчки карпи на кањонската долина на реката Радика, во прегратките на бујните шуми всадени на северозападните падини на планината Бистра.

Градбата е уште во 11 век. Манастирскиот комплекс го сочинуваат црквата, костурницата, сејменската одбранбена кула, манастирските конаци и новоизградените гостински конаци. Секој посетители, под одредени услови, може да остане подолго и да ужива во прекрасните изгрејсонца на божествениот предел.

Eksterier14

Се верува дека на падините на Бистра, живеел некој монах со име Јован, а со потекло од Дебар. Бил добродушен. Негувал голема љубов кон свети Јован Крстител. Во шумата здогледал светлина меѓу дрвјата која се вивнувала кон небото. Кога се доближил, видел дека лебди икона со ликот на свети Јован Крстител окружена со блесок. Монахот се погрижил да í изгради дом и направил мало црквиче, пред кое секојдневно се молел на Св. Јован.

Eksterier5

Според легендата, оваа света икона дошла од Исток. Кога дознал за добродетелниот живот на монахот Јован, Василиј Втори го назначил за архиепископ на Охридската архиепископија во 1018 г. Шест години подоцна,  Василиј Втори подигнал поголем храм.

Манастирот многупати бил уриван, пустошен, опожаруван и напаѓан. Од првата градба, останата е само светата икона на Св. Јован Крстител. Изгледот датира од 18 – 19 век. Градбата се поврзува со игуменот Митрофан (1796-1807). Најзаслужен сепак е игуменот Арсениј (1807-1839), Ги обновил старите конаци. Мајстори ги создале препознатливите и највеличествените уметнички и црковни вредности. Централно место претставува соборната црква, посветена на Св. Јован Крстител, изградена според светогорските манастири. Направена е во византиски архитектонски стил, од блокови од бигор и покриена е со ќерамиди. Внатрешноста изобилува со фрески, икони и мајсторски изведениот дрвен инвентар. Најпознат е по резбарските ремек-дела на мијачките мајстори. Големиот дел од фреските се дело на познатиот фрескописец Дичо Зограф. Останатите се сликани од раката на некој малку послаб зограф.

И денес, се поврзуваат многу чуда околу иконата, пред која доаѓаат да се помолат голем број верници и сите кои имаат голема мака.  

Eksterier6

Иконата се селела

Иконата на Св. Јован Крстител неколкупати мистериозно исчезнувала. Првиотпат се преселила во манастир меѓу Струга и Дебар. Потоа, иконата се преместила во селото Слатино, Дебарца, каде што денес има црква со истото име. Иконата се вратила во својот дом во времето на игуменот Иларион (1743-1781 г.). Се верува дека има неверојатна исцелителна моќ за сите болни, здрави, млади, стари, православни и на луѓе од друга религија. Чудотворната моќ ја почувствувал и некој албански бег, кој, Св. Јован го упатил во манастирот да го излечи болното дете. Во знак на благодарност, бегот подарил маслинови дрвја. Св. Јован бил многу строг. Некој бег дрско се фалел да го претвори манастирот во теќе (молитвен дом на муслиманските монаси). Пред да ја оствари намерата, Св. Јован го погубил. На денот на погребот, гром ги убил сите роднини.

Eksterier10

Loading