СЕПАК, ЅВОНЧЕ ЗА ПРВАЧИЊАТА

Тргна учебната година за над 10 илјади основци и средношколци во Ковид атмосфера

Физичка настава до трето – компјутер од четврто до деветто за 5800 основци

Околу 3200 средношколци на он лаин настава

Учителите со децата до петто во селата и во Варош

Prva 2

Наместо на први септември, заради корона кризата, еден месец подоцна првачињата го имаа задоволството првата средба со наставниците да ја имаат во училиштето. Со насмевка на лицата и возбуда, тие ја почувствуваа радоста на првиот училишен ден при почетокот на долгото образовно патување во животот. И децата од второ и трето одделение уживаа во стартот на учебната година со звукот на училишното ѕвонче, кога се сретнаа повторно со другарчињата и со учителите и учителките. Физичка настава следат околу 1250 деца од прво до трето одделение во општинава, вклучувајќи ги децата од прво до петто одделение во селата Мало Коњари, Тополчани, Канатларци, Мажучиште и во подрачното училиште во Варош. На првиот училишен ден градоначалникот Илија Јованоски на првачињата им подари училишен прибор, а конфекцијата Комфи ангел донира 1500 маски.

Prva

Ќевот за средба со соучениците во училишниот двор не го почувствуваа децата од четврто до девото одделение. Тие настава следат преку компјутери од дома, поради ризикот од раширување на болеста Ковид 19. Околу 7100 основци пред екранот ќе ги гледаат и следат наставниците и на таков начин, барем засега, ќе ја продолжат трката за знаење.

И средношколците не се среќани, оти немаа шанса да следат настава на традиционалниот начин, пред нив да гледаат дневник, наставник и соодветната училишна иконографија, опрема на училниците и кабинетите. И тие ќе учат преку компјутер од дома. Наставниците ќе предаваат преку видео пренос, он лаин, а тие ќе следат дома на монитор. Околу 3200 средношколци од вчера се пред екраните во продолжение на образовната надградба. Иако некои средни училишта располагаат со услови и околности за физичка настава, сепак соодветните комисии од Министерството за образование не дадоа виза за класичен стил на настава за да не се доведуваат децата во опасност од заразата.

ELS 0389

Настава во училиште има и за децата од специјалните паралелки во ОУ ,,Климент Охридски,, и во музичкото училиште ,,Ордан Михајлоски – Оцка,,.

Prva 3

Loading