ЕЛЕНЧЕ ТАШКОСКА Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ

Elence Taskoska - noviot  pretsedatel na Sovetot na opstinataПрвпат прилепскиот совет има жена – претседател. Тоа е Еленче Ташкоска, од СДСМ и коалицијата. Досегашниот претседател, Миле Талевски од СДСМ и досегашниот советник Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ, се пратеници во новиот собраниски состав. На нивните позиции во општинскиот совет се Александар Чапкуноски од СДСМ и Кирил Ѓорѓиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Советот на општина Прилеп, Еленче Ташкоска е долгогодишен истакнат член на СДСМ и советник во Општината, која беше и претседател на Форумот на жените во Прилеп.

– Изборот за претседател на Совет на општина Прилеп претставува огромна чест, но и уште поголема одговорност пред граѓаните, Советот да биде место каде ќе се носат одлуки кои ќе го подобруваат животот на граѓаните – изјави Ташкоска.

Таа ќе го предводи општинскиот Совет до одржувањето на локалните избори в година.   

Loading