РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИТЕ

Локалните власти најавуваат преземање на мерки за посериозен однос на граѓаните со мерките за заштита од корона вирусот, оти последниве десет дена се регистрирана 56 нови случаи на Ковид 19 во Прилеп. Само во вторникот беа откриени 15 позитивни на болеста. Затоа заседаваше и општинскиот кризен штаб, кој предложи соодветни мерки, адекватни на растот на бројот на заразените. Во подем се ризиците од ширењето на болеста, особено претстојниов период кога се очекува да се отворат делумно или комплетно училиштата и градинките. При крајот на летото се очекува и пад на темературите, а со тоа и раст на опасностите од ескалација вирулентноста на болеста, доколку продолжи трендот на слабо почитување на основните мерки на заштита, одржување на хигиената, одржување на растојание и носење на маски не само во затворени простори.       

Loading