Искачување на врвот Козјак (1747м) и посета на пештерата Дуова, кратка планинарска тура за почетници, велосипедска тура, слеклајн, стреличарство, игри во природа и скриено богатство за најмалите, сини часови јога, качување и спуштање со јаже и планинско трчање се дел од активностите за време на првиот Оутдоор Фестивал 2020 кој викендов ќе се одржи во месноста на селото Плетвар.
Организатори се Спасителната служба ,,Златоврв,, и Извиднички одред ,,Феникс,,.
– Претендираме младите да ги воведеме во нови спортови и активности да ја пробудиме нивната љубов за природата, да го збогатиме нашето катче со искуства со нови и повозбудливи и, се разбира, да се забавуваме – вели Дарко Неданоски, координатор на фестивалот.
Планираат да премине во традиционален настан.