СТАДИОНОТ НЕ Е КОМПЛЕТЕН

Реакција на Општина Прилеп

Stadion

Општина Прилеп демантира дека ФФМ го предадала стадионот на Општината според договореното. Претставници на локалната самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски, заедно со претставници на ФФМ, изведувачите на работите за ставање во функција на рефлекторите и тревникот констатираа дека треба да се поставуви тревник зад двата гола на околу 1800 м2., да се израмни поставениот тревник и да се регулираат прскалките за наводнување. Рефлекторите се ставени во функција. Меѓутоа, за запазување на стандардите за одигрување на натпревари во вечерните часови, потребно е да се фокусира светлото од рефлекторите.

Откако ФФМ ќе ги отстрани недостатоците и ќе комплетно ќе ги заврши планираните инфраструктурни зафати, Општината ќе го потпише актот за примопредавање на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, и ќе ги преземе останатите градежни и други активности за ставање во функција.

Loading