БИСЕР МАВРОВСКИ

Crvkva potopena vo mavrovo

Мавровското езеро е бисер во националниот парк. Иако е вештачко, сепак плени со убавината, особено кога се гледа од скијачките терени на Бистра. Најимпресивен дел е потопената стара црква, која во одреден дел од годината со најниско ниво, може да се види само дел од покривот и половина од камбанеријата. Црквата Св. Никола е градена 1857 г. била потопена при изградбата на езеро еден век подоцна. Покрај риболовот, се нуди кампување и прошетки. Асфалтниот пат е одржан. Го обиколува националниот парк. Влечат скијачки терени за возбуда од зимските спортови.

Во паркот е и пештерата Шаркова дупка. До влезот на пештерскиот бисер води патека и скали. Природната атракција е отворена, но е заштитена со железна врата, украсена со полукружни метални скали. Целосно е осветлена. Широка е околу 18 метри, а долга 25 м.  Во долниот дел има отвор кон две пештерски сали кои се недостапни. Пештерата е откриена пред 30 години, но населението се плашело да влезе. Според една од приказна, селанецот со прекар Шарко прв собрал храброст. Со неколку дрва, ги спуштил во дупката и со јажиња влегол во внатрешноста. Оттаму пештерската убавица го добила името Шаркова дупка. Пред влезната врата е поставена табла со мапа и објаснување на пештерските украси и богатиот животински свет. Посетителите се спуштаат низ металните скали,  до првата јама или сала на 20 м. под земјата. Температурата е под 12 степени. Подземната убавица ја красат сталактити, сталагмити прекриени со корали, сливови драперии и друг пештерски накит. Декорот дава слика на недопрена убавина. Поради богатството на железо, украсите се со црвеникаво-кафеава боја. Внатре живеат лилјаци, гуштери и разни видови инсекти.

Во близина е и Сафари паркот Бунец и репродуктивнио центар за европски елени. Распослан е на 430 хектари обиколен со заштитна ограда. Живеат европски елени и елен лопатар. Локалитетот изобилува со прекрасни места за одмор, многу видиковци, чешми со ладна изворска вода… Поставена е и кула за набљудување и за фотографирање. Во паркот водат стручни лица. Обиколката трае од 1-2 часа.

Ледничкото езеро Локув е најниското глацијално езеро во Македонија. Според местоположбата, претставува туристичка атракција. Сместено е во прегратките на планината Дешат на 1568 м.. На гордоста на население, се поставени клупи за одмор, има и бачило и чешма… Се стигнува со пеш – 8 км. низ обележана планинарска патека. Постои можност за наем на коњи. Пределот е прекриен со ладна шума. Патеката изобилува со видиковци за поглед на клисурата на Радика, манастирот Св Јован Бигорски и други пејсажи. Локалитетот е за уживање во неоткриената убавина на природата во чија близина е езерото со интересни форми на живот од кои најпознат е тритонот, водоземец кој наликува на риба и жаба. Блиску е бачилото, за проба на пресно сирење попознато како требишко. Водата лете е доста топла. Туристите можат да уживаат во водите на ретката планинска плажа. Околината е идеална за излети, кампување и одмор во планина. На 30-40 мин. пешачење  се неколкуте ,,планински очи,, –  езерца со чиста бистра вода распослани на падините на планината. Просторот е богат со растителен свет и билки за чаеви и за подготвка на природни лекови. Совршен е природниот вкус на боровинката. Може да се посети и првата партизанска печатница во селото Битуше. Во месноста Стапаров мост посебно пријатно задоволство предизвикува планинарската куќичка поставена на 4 дрвја и опремена со кревети за одмор, со импровизирана тераса за поглед на клисурата на Радика. Местото располага со клупи за седење и чешма со природна, ладна и чиста вода за пиење. За 30-40 мин. се стигнува над водопадите во Дувската клисура. Горе е врвот Крчин.

vodopad duf

Манастирот Св. Јован Бигорски е маркантен комплекс. Импозантното здание живее еден милениум. Составен е од неколку објекти во кои живеат монаси кои самостојно го одржуваат манастирскиот комплекс и сами се грижат за верниците и туристите. Интересен е стариот дрвен иконостас во црквата. Може да се одмори во одаите, да се поразговара со монасите и да се купат религиозни сувенири изработени од калуѓерите.

Мостот Еленски скок е на патот за Лазарополе и Гари. Го граделе Османлиите. Според преданието, Турците го изградиле во име на храброста на еден елен, кој при лов бил тешко ранет од еден турски ага. Покрај смртните повреди, успеал да ја прескокне Мала река и да побегне. За храброста на животното со силна желба и борба за живот, агата изградил мост како Еленски скок да ги поврзува неколкуте села од Мала река со дебарскиот регион

За водопадитет Дуф кај Ростуше води патека, уредена, обезбедена со дрвена ограда. Местото е стрмна, но лесно проодна. Се минува низ Дуфската клисура од 60 м. Локацијата е со пријатна клима. Лете температурата е од 18-20 степени. Празник за очите е водопадот Дуф каде водите паѓаат од 25 м. Има неколку клупи за убави моменти во природата. Во карпите поставена е метални алки за спуштање со јаже низ водопадот. Се забележуваат остатоци од првата хидроцентрала која регионот го снабдувала со струја.

Рестораните кај Ростуше се рај за гастрономите, мераклии за домашна кујна. Амбиентот на угостителските објекти е традиционален  а менито е дело на локалните домаќинки.          

Loading