ОХРИЃАНЕЦ ДОЈДЕ ВО РК ПРИЛЕП

Daniel Andonovski 1Ракомет

Потомците по патот на предците – така е во РК Прилеп според засилувањата. Доведен е лев бек. Тоа е охриѓанецот Даниел Андоновски (18) од Вардар јуниор. Тој тргна по стапките на дедо му Крсте, некогашен тренер на Тутунски, како и на татко му Горан, некогашен репрезентативец и играч на Тутунски. Слично е и со средниот бек Филип Чурлевски, чиј татко Боро играше за Тутунски и беше тренер на Прилеп, а и тетка му Билјана играше за Тутунски.

Меѓу досега спомнатите од клубот – голманите Стефан Христоски и Зураб Цинцадзе, пивотот Сашко Манчески, крилата Христи Бикоски, Алија Амзоски и Реваз Чантурија, е и бекот Давор Шокоски, син на некогашниот бек Боро. Сите се во списокот на тренерот Горан Кузманоски, наследник на татко му Петар.

Во меѓувреме е учеството на турнирот во Струга. На првиот меч во средата РК Струга – РК Прилеп (28:32), а синоќа беше дуелот со скопски Металург. Денеска е последниот меч од групата, со битолски Еурофарм Пелистер. Во другата група се: Вардар и Бутел (Скопје), Еурофарм Пелистер 2 (Битола) и РК Охрид. Завршницата е в недела со мечевите за конечен пласман.

Женскиот тим Деспина се подготвува за сезоната каде почнува од Гевгелија.

Loading