ГЕНЕРАЛНА ПРОБА СО ТЕТЕКС

Победа

Големите фудбалски брендови Победа и Тетекс, познати од времето на Југославија, в сабота во Јегуновце ќе одиграат пријателски меч. Тоа ќе биде, последна проба пред стартот на второлигашкото првенство. Тетекс е член на Западната, а Победа на Источната група. Претходно прилепскиот тим загуби дома од Слога Виница (0:1), како и во Гевгелија од Кожуф (3:1), а победи во Росоман (2:0). Во екипата на тренерот Дарко Крстески се млади играчи и неколку искусни, како Дамевски и Гешоски.

Првенството почнува на 22 август, кога Победа дома игра со Кит-Го од Пехчево.

Loading