ФФМ: СТАДИОНОТ Е ПРЕДАДЕН НА ОПШТИНАТА

Претставници на ФФМ извршија примопредавање со Општина Прилеп после целосното завршување на инфраструктурните работи на стадионот ,,Гоце Делчев,, кои беа во надлежност на ФФМ. Според договорот, стадионот е целосно во надлежност на Општината. ФФМ со средства од ,,Хет-трик..- програмата на УЕФА,  финансираше поставување на целосно нова тревна подлога (тревни бусени), со модерен дренажен и систем за наводнување, се постави ново рефлекторско осветлување. На стадионот има можност да се одигруваат натпревари под рефлектори. Нивното функционирањето беше тестирано од инвеститорите и надзорот. Оценката е дека ги исполнуваат критериумите за одигрување на вечерни мечеви.

Во договорот со Општина Прилеп, општината треба да изгради посебна трафостаница за користење на новото осветлување на стадионот ,,Гоце Делчев,,. Љубителите на фудбалот се надеваат дека во скоро време општината ќе го заврши својот дел поврзан со трибините и поттрибинскиот простор, и конечно стадионот ќе го добие фудбалскиот лик.

Loading