ПРИЛЕП ИМА МЕЧ В СРЕДА

Ракомет

Според ждрепката, суперлигашот РК Прилеп ќе се сретне со РК Струга, Еурофарм Пелистер од Битола и Металург од Скопје, во групната фаза од Турнирот во Струга. Првиот меч е в среда, а дуелите за конечен пласман се наредната недела на Отвореното игралиште. Пријателските натпревари се во рамките на втората фаза од подготовките на РК Прилеп, воден од тренерот Горан Кузманоски. Првата фаза – физичкиот дел успешно е сработена, на отворено и в сала. Натаму, по Турнирот, има време и за други пријателски мечеви, се до 12 септември. Првенството стартува на 19 септември, дома со Металург.

Наредната недела се очекува старт на колективните подготовки на женската екипа Деспина, предводена од Страшо Илиески.

Loading