ВИНИЧАНИ ГОСТИ НА МОГИЛА

Победа

Второлигашот Победа влезе во подготовките во кои се одигруваат пријателски мечеви. В сабота на Могила е натпреварот со Слога од Виница. Поради пандемијата, не се препорачуваат гледачи. Речиси без гледачи бил одигран и мечот во Гевгелија, Кожуф – Победа 3:1.

-Тој меч ги покажа нашите добри и лоши страни. Не сме доволно подготвени. Завршницата, пасот, не се како што треба. Она што го барам – натпреварувачкиот  момент, тоа изостанува. А, тоа е потребно. Да се игра на резултат. Во првото полувреме пропуштивме три – четири зицери – вели Дарко Крстески, тренерот.

Во средата се одигра мечот Росоман – Победа (0:2), противник на 12 август најверојатно ќе биде Црнобуки, а последниот, на 15 август е со Тетекс.

Сите играчи – негативни

Според препораките, сите од ФК Победа извршиле тест за неприсуство на коронавирусот. Резултатите се негативни. Клубот се придржува кон протоколот за тренинзи и натпревари. Секој играч има своја опрема. На гости се патува со голем автобус играчите да бидат на потребното растојание. Сите носат маски.

Loading