ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (56)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

На секое домаќинство на надворешната страна на влезната врата имаше заковано означе, регистарски број и по тие броеви се броеа куќите во селото. Секоја година кучињата се вакцинираа и добиваа алуминиумска алка со алуминиумско телче запетлано околу вратот. Ако во случај државните власти забележеа куче без алка стопанот на кучето бидуваше повикан кај реонските чувари на мирот и редот. Такви реонски надлежни во нашиот крај беа милиционерите со регистрирани броеви на опасачите т.е. ремените, Блаже Гичето од с. Плетвар и Ристе Бурма од с. Кален.

На утрина на сред селото беше место богато со народ и голем џагор на учениците одејќи за на училиште поздравувајќи ги насобраните луѓе како сеирџии кај собирот на селските пашити говеда и коњи. Учениците беа отпоздравувани од возрасните со, добро утро дечиња. До 1912 година поздравувањето било со добро утро, добар ден, добра вечер со, Дал ти Бог добро. Откако дошле Србите поздравувањето се изменило со добро утро, возвратено со одговор, добро утро, добар ден или пак добра вечер со добровечер.

Во западната страна од средселото на долниот крај во колеската ограда беше фудбалското игралиште во слободното време младината од машкиот пол го поминува времето. Тука се имаше одиграно пријателски фудбалски натпревари со фудбалските екипи од соседните села Бонче, Лопатица, Подмол и Штавица ние како имаме често пати да гледаме фудбал.

Во близината на средселото беше единствената селска Казарница колеска – павлеска која имаше стално присутни луѓе додека се вареше ракија. Исто така на северната страна од средселото на тумбата се палеше селски оган за верските празници и Василица сура, Стара нова година.

Еднаш годишно беше решено со закон од управата на селската задруга да се чистат генерално кладенците од каде населението се снабдува со вода за пиење и за во домаќинството за храна. Кладенецот од западното маало се викаше Павлески кладенец. Главна чистачка за влегување внатре беше Петреска Весела Бабјачица.

А додека кладенецот од средно маало Втора бригада и јужно маало Трета бригада беше заеднички. Главна чистачка за влегување внатре беше девојката Василоска Тодорка. На овие две работи манифестации се собираше многу народ од селото како да е панаѓур. Чистењето се извршуваше во попладневните саати во пролетно време и преку ноќта да се наполнат кладенците за да има вода чиста за наредниот ден за пиење.

За неработните денови младината излегуваше на корзо и често беше посетен и домот задружен каде имаше столици за седење. Од тука излезе зборот не е овде Бугурешт Романија. Некогаш пренесен од нашите постари печалбари во турско оделе на печалба во Влашко и гледале како народот прави корзо, шетање. Овде таткото ја забира својата ќерка од корзото кај домот на сред селото и вели, ајде дома доста е со шетање, не е ова Букурешт Романија.  

За славење на домашните слави, свадби, крштевки и смртни случаеви беше оправдано, посета на црквата не беше забрането. Велјаноска Роса во есента 1951 година се омажи за Котески Киро тука во Марул, нунко му беше претседателот на задругата во Марул Јованоски Цветан Крушка со чин поручник стекнат во НОБ. Цветан не беше земен на политичка одговорност од власта и беше претседател до последниот ден од постоењето на задругата кога се расформира во месец април во 1953 година.

За верскиот празник Свети Руса во селото беше одреден за газење на земјени црепни, мислам празников е во мај при крајот. Девојките и домаќинки кои немаа девојчиња се организираа по маало со магарињата во вреќи носеа земја црвеница од под Танеските лозја кај местото патчето за Бонче над селото во местото Димо оро беше полеплива земја. Земјата уште од вечерта се донесуваше, се потураше со вода преку ноќта да накисни. Наредниот ден утрото почнуваше да се обработува, да се гази со нозе, тепана со рапина разни што од колите за снопје носење. Се преселуваше од место до место се додека биди готово после се делеше во топки и секој си правеа дома црепни. Додека се преработуваше земјата работата се изведуваше со веселби и песни во сите три маала во с. Марул.

Навечер аргатите кога си идеа од поле, од работа девојчињата по бригадите со машките заедно си идеа со весели песни. За време вршењето и веењето на вравовите се слуша песна, пченката кога се кафтеше, љупење на кочаните сето беше помешано со весел џагор и песни од девојчињата со повеќе жени и домаќинки дарбосани за песни. Сончогледот кога се чукаше сето беше весело со песни подржано од дарбосаните песнаџии. Исто така во почетокот на месец октомври се правеа попретки варење на тикви во котли и од трите маала во вечерното време додека се вареа тиквите се слушаше голем џагор на деца и ечеа песни од сите три маала во с. Марул.  

Продолжува

Loading