АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ И ФК ПОБЕДА

Историја

Istorija

На 10 август 2000 година, во претколото од Купот на УЕФА, во Крајова се сретнаа Универзитатеа и Победа. Тие денови романскиот дневен и спортски печат го најавуваше мечот. Поради аутсајдерската улога на Победа, пријатно изненади големата група новинари, фоторепортери и сниматели кои го пречекаа прилепскиот клуб првиот ден, пред сместувањето во хотелот.

На денот од мечот, спортскиот весник Про-Спорт од Букурешт објави и карикатура со наслов ,,Статуи,, каде една до друга се нацртани статуите на Александар Велики и домашниот тренер Флорин Марин, а подолу толкувањето: ,,Денеска, играчите тренирани од Флорин Марин, за пријателите со прекар Флочеа ќе се соочат во Купот на УЕФА со Македонците од Победа Прилеп, наследниците на големиот водач на античката војска, Александар Македонски, Александар Велики,,. Романците го објавија тоа што го знаеле поврзано со македонската историја и идентитет.

Победа како да ја имаше силата на Александар. Во Крајова изваде нерешено 1:1, дома победи со 1:0, и влезе во 1 коло и се сретна со италијанскиот гигант Парма.

Loading