ПРОТОКОЛ ЗА ТРЕНИНЗИ

Победа

Нема пречка второлигашот Победа да го оствари подготвителниот план. Фудбалската федерација на Македонија до клубовите испрати Протокол за одвивање на натпревари и тренинзи на 13 страници. Во врска со тренирањето, се наложува поделба во 3 фази, почеток на индивидуален тренинг на играчи на стадионот, без физички контакт (3 дена), почеток на тренинзи во мали групи – најмногу 5 играчи истовремено (7 дена), колективен тренинг со комплтен тим (доволен број денови за подготовка на екипата, согласно индивидуалната проценка на тренерот).

Се чека само датумот за старт на првенството.

Loading