АКЦИИТЕ ПОДАРЕНИ НА ДЕЦАТА

Кирил Самарџиоски остана без ниту една акција во Прилепската пиварница

Според порталот Фактор, Кирил Самарџиоски, досегашниот мнозински сопственик и Претседател на одборот на директори на Прилепскат пиварница им го подари на своите деца уделот во докажаната компанија.  Врз основа на договор за дар Кирил Самарџиоски им ги даде на акционерите Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска своите 25.000 обични акции или по 12.500 акции на секое од неговите деца. Со дарот сега Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска поседуваат по еднаков дел од компанијата. Двајцата имаат по 14.500 акции или по 36,32 отсто од основната главнина на Прилепската пиварница.

Прилепска пиварница ја извести јавноста дека на 29.06.2020 година врз основа на договор за дар извршен е упис во Централниот депозитар за хартии од вредност на нетрговски пренос на хартии од вредност (обични акции) со што акционерите Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска се стекнаа со по 12.500 обични акции со право на глас.

Сашко Самарџиоски е член на Управниот одбор и Генерален директор на Прилепската пиварница, а неговата сестра Панде Самарџиоска е член на Управниот одбор и Заменик Генерален директор на Прилепската пиварница.

Членот на Управниот одбор и Претседател на одборот, Кирил Самарџиоски кој до 29.6.2020 година поседуваше 25.000 обични акции со право на глас, по спроведениот договор за дар повеќе не поседува акции во Прилепската пиварница, пренесува Фактор.

Loading