СЕ ЗАЉУБИВ ВО СПЛИТ СО КОРОНАТА

Студентот на Економскиот факултет Михаил Дивјакоски во Хрватска за време на пандемијата

Се чувствувам како дома, а Сплит го номинирав за ,,Best European City,,

– Можам да живеам во овој хрватски град, оти се чувствувам добредојден

95084307 600415887226681 2362121563421016064 o

Михаил Дивјакоски, студент од Економскиот факултет во Прилеп за време на пандемијата се нашол на Економскиот факултет на Универзитетот во Сплит со Ерасмус размената. Решил да остани, номинирајќи го градот за ,,Best European City,, со иницијативата на European Movement од Македонија. Одлучувачко за номинацијата било неговото заљубување во Сплит, покрај немилата ситуација во која се нашол. Се чувствува како дома.

Роден е во Прилеп каде студира на Економскиот факултет. Решил да се вклучи во програмата Ерасмус, бидејќи студирањето во родниот град не е доволно добро, додека не се проба студентски живот во друг град, одделен од родителите, колегите и пријателите.

-Решив за Сплит, бидејќи мислим дека Хрватска, како земја, но и Хрватите, како народ, многу се слични со македонската култура и начинот на живот. Во Сплит се заљубив и преку сликите со блиските острови, зајдисонцето и прекрасната природа. Сето тоа ме остави без здив – вели Михаил.

Позитивни му се искуствата од петмесечниот престој во Сплит.

96091835 631973367404266 9049178834837257950 o

-Заради пандемијата не успева сосема да го откријам градот, во мерка во која планирав. Сепак, ми е драго што ситуацијата полека се враќа во нормала – вели прилепскиот студент.

Воодушевен е од огромните пространства на зеленило, парковите, дрвјата…

-Тоа недостасува во мојот град и во повеќе градови во светот. Дефинитивно, можам да замислам да живеам во Сплит, оти се чувствувам добредојден. Не можам да опишам колку сум среќен што запознав многу нови пријатели. Сите се исклучително гостољубиви – додава Дивјакоски.

Ги опишува хрватскиот и македонскиот образовен систем. Според него, тие се многу слични. Како слабост го наведува недостатокот на практична настава во Македонија.        

-Во Хрватска, професорите обрнуваат многу внимание на практичниот дел на наставата, студентите да можат колку што е можно повеќе совладаното теоретско знаење да го применат што подобро во реалноста –  објаснува Михаил.

Зачуден е од посветеноста и ефикасноста со кои професорите и студентите се прилагодиле на новиот онлајн начин на учење за време на пандемијата.

-Сé  беше организирано и договорено за кусо време. Професорите одма почнаа да ги праќаат потребните материјали за учење дома – додава Михаил.

Многу му се допаднал Сплит и затоа го номинирал за ,,Бest European City,,.

divjakoski 1

-После целодневната прошетка со пријателите низ градот, на Ривата, низ стариот дел, посетата на бројните историски и природни знаменитости, решив да го номинирам, бидејќи сметам дека Сплит е најубав европски град кој ја заслужува ова титулу – објаснува прилепскиот студент Дивјакоски.

Планира во Прилеп да го искористи позитивното искуство и стекнатото знаење од програмата Еразмус и да се обиде да мотивира повеќе пријатели да се вклучат во овој проект, зашто е корисно искуство кое ќе го запомне до крајот на животот. Без размислување ќе го препорачува меѓу колегите.

divjakoski 2

Loading